Голема акција на МВР: Се апсат луѓе од криминалната група на Раде Штекли

by Fokus

Попладнево во Скопје по наредба на обвинител од ОЈО ГОКК се вршат претреси на повеќе локации. Според информациите, има повеќе лица кои се лишени од слобода, пренесе „Плусинфо“.

Голема полициска акција се одвива на повеќе локации во скопската населба Аеродром. Се вршат претреси на повеќе локаци. Специјалци апсат луѓе од криминалната група на наркобосот Раде Трајковски-Штекли.

Штекли беше уапсен попладнево во близина на хотел кај Гевгелија поради сомнеж за трговија на дрога. Тој бил фатен во обид за бегство.

Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Тој на јавноста ѝ е познат по пресметките со нарко картелите. Се поврзува со низа кривични дела, а во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Поврзани новости