483
Универзитетските собранија повикуваат на голем студентски марш во четврток во 18 часот.
„Како што кажавме оваа година СИТЕ универзитетски собранија стојат рамо до рамо со вас и го слушаат вашиот глас
Универзитетските сорбанија ве повикуваат на голем студентски марш кој имаме за цел да стане традиција и во наредните години со цел да ги искажеме нашите предлози и решенија кон институциите, како и нашите незадоволства кон условите во студентските домови, стипендиите, квалитетот на образованието и други теми.
Ги повикуваме сите засегнати страни и пошироката јавност, како и оние организации со кои ги бараме истите права.
Да се приклучат и они да застанат рамо до рамо со студентите.
Студенти, четврток во 18:00 часот тргнуваме од Собрание и се упатуваме кон МОН.
Ве очекуваме во што поголем број, се гледаме“, се наведува во соопштението.