Голем шумски пожар кај Атина: зафатени се куќи, 17 авиони го гаснат огнот, а ветрот ги отежнува напорите

by Fokus

Шумски пожари беснеат јужно од Атина, пренесуваат грчките медиуми.

Грчките пожарникари се борат со огнената стихија, додека силниот ветер ги отежнува нивните напори. Битката следела само неколку часа откако успеале да спречат пожарот да се прошири во планинската област исто така во близина на главниот град.

Десетици пожарникари, поддржани од 17 авиони, се борат да го локализираат новиот пожар што избувна во ретко населена област во близина на градот Кератеа, на околу 35 километри јужно од Атина.

Грчката телевизија прикажа најмалку една куќа во пламен и чад што се издигнува над запалените борови шуми и маслинови градини, додека грчките медиуми објавија дека пожарот зафатил најмалку пет куќи.

Во текот на викендот низ Грција избувнаа десетици шумски пожари, потпомогнати од силните ветрови.

Поврзани новости