Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

by Fokus

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.

Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.

Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа

Поврзани новости