На 24 април, петок, ќе се одржи голем проетестен марш против неуставните закони за хонорарците со кои се прекршуваат неколку уставни права и принципи и со кои се врши грабеж врз голем број на граѓани на Македонија, најавува платформата за граѓанска политика „Ајде!”.
Маршот ќе започне во 12 часот пред Министерството за финансии, а ќе заврши пред Уставниот суд на Република Македонија. Таму ќе биде поднесена претставка од 7000 граѓани за утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.
– Покрај нарушеното владеење на правото, со овие закони се ускратува правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците остануваат заглавени во бирократските лавиринти, затоа што законите се непрецизни, двосмислени и нејасни, па оттаму, ни администрацијата не знае како да ги спроведе, објаснуваат од „Ајде!“.