837
Родителите кои се противат на воведувањето дигитални учебници, здружени во иницијативата „Учебници и настава мора да има“ најавија протести, затоа што МОН не им го прифати барањето за повлекување на законот.
Во сабота тие ќе организираат поголем протестен марш во Скопје, а ќе има демонстрации и во други градови низ државата. Од иницијативата велат дека ќе покренат и барање за референдум против законот за учебници.