Голем протест во Тирана, се бара оставка од Еди Рама

by fokus

Голем протест на опозициските партии против албанскиот премиерот Еди Рама се одржува вечерва во Тирана.

Илјадници граѓани се собраа пред кабинетот на премиерот и бараат негова оставка.

Тие бараат и борба против организираниот криминал.

Поранешниот премиер Сали Бериша и поранешниот претседател Илир Мета го обвинуваат Рама за заминувањето на младите од Албанија, за бројни афери, нарекувајќи го неговото владеење антиалбанско.

Поврзани новости