Голем протест во Белград, можни ли се немири?

by Фокус

Во Белград денеска се одржува протест на кој студентите повикаа на блокада по собирите што претходниот период ги имаа во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Митингот пред српското Собрание е закажан за 16 часот, а претходно до таа локација ќе се организираат прошетки од различни делови на градот.

Со денови во пресрет на протестите стигнуваа предупредувања за можни обиди за искористување на студентското незадоволство и предизвикување немири, а највисоките државни функционери ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не ги напаѓаат институциите и полицијата.

Српскиот парламент соопшти дека од безбедносни причини зградите на Народното собрание ќе бидат затворени до понеделник, со цел да направат сè што е во нивна моќ најавениот митинг да помине без инциденти. Министерот за здравство нареди сите болници да работат со зголемен капацитет. Обвинителството ги повикува граѓаните да го остварат правото на протест согласно уставот, но наведуваат и дека насилството нема да се толерира.

Студентите, пак, најавија мирен протест. До Белград пешачеа од повеќе делови на Србија, а синоќа ги пречекаа во Теразие. Колони пристигнаа од Нови Сад, Суботица, Смедерево, Крагуевац, Чачак, Ниш и од другите градови.

Поврзани новости