Српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас предновогодишно ќе одржи голем солистички концерт во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Настанот е закажан за 25-ти декември со почеток од 20.30 часот и влезниците веќе се пуштени во продажба на МК тикетс, по цени од 1.200 до 2.500 денари. Има опција и за резервации на барски маси, но не е наведено кој е организатор на концертот.
Ова е не е првпат Лукас да одржи предновогодишен концерт во нашата метропола. И во 2018 година со голем концерт во Арена Борис Трајковски, кој се одржа два дена пред Новогодишниот дочек, скопјани, но и бројна публика од други градови, предновогодишно во полна сала се забавуваа со неговите песни.
Тогаш влезниците се продаваа по цени од 400 до 900 денари.
Во минатото се случуваше да гостува во земјава дури и по десеттина пати годишно, како во клубови, така и на општински манифестации. И годинава имаше настапи во Битола, Делчево, Куманово…
Концертот на 25-ти декември во Скопје пак, го најави како најголема журка на Балканот.
Веќе за наредната година, на шести јануари, најавено е негово гостување во локал во Тетово, на Бадникова забава.
Вики Клинчарова