Голем пожар зафати цела населба во Нови Сад, изгореа десетина куќи

by Fokus

Голем пожар утрово околу 4 часот и 30 минути ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад, во Србија.

Пожарот зафатил голем дел од населбата.Според српските медиуми, целосно или делумно изгореле десетина куќи.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 13 пожарникари и спасувачи со седум противпожарни возила, како и членови на противпожарни единици.

Црн чад е видлив од голем дел од Нови Сад.

Повредени нема, априсутна е и брза помош.

Поврзани новости