Голем пожар во зграда во Лондон, евакуирани се над 100 луѓе, 225 пожарникари се на терен

by Fokus

Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од станбен блок во источен Лондон по големиот пожар кој ја зафатил зградата, а 225 пожарникари се справуваат со пожарот.

Четириесет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот во Дагенхам, кој избувна синоќа во 2.44 часот, јавува Мирор.

Засега не се знае дали има повредени и која е причина за пожарот.

Поврзани новости