Голем пожар во село Сирково, се шири многу брзо

by fokus

Голем пожар избувна во околината на село Сирково кој за жал се шири брзо, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.

– Со интервенција е спасена фармата, но сега борбата со огнот продолжува кон шумата. Сите екипи се на терен и се надеваме на брзо локализирање, напиша Јанчев.

Засега нема повеќе детали за пожарот кај росоманското село Сирково.

Поврзани новости