553
Видеото на социјалните мрежи покажува пожари и облаци црн чад што се издигаат од локација во близина на Белгород во Русија, недалеку од украинската граница.
Друго видео покажува дека полицијата во областа го пренасочува сообраќајот подалеку од областа и хеликоптери кои кружат над градот.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на Телеграм објави дека избувнал пожар во објект на Министерството за одбрана, објави Си-Ен-Ен.
„На границата на три општини – областите Борисов и Белгород и урбаниот округ Јаковлевски – се случи пожар на територијата на еден од објектите на Министерството за одбрана на Руската Федерација“, напишал тој.