Голем пожар на планината Огражден, наближува кон границата со Бугарија

by Fokus

Пожарот кој избувнал вчера на планината Огражден над селото Бадилен во Општина Ново Село, во граничниот појас, наближува кон границата со Бугарија, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.

– Пожарникарите засега не можат да интервенираат, бидејќи пожарот е на висок и непристапен терен. Очекуваме утре наша екипа од 10 пожарникари да биде префрлена на местото со хеликоптери и да помага во гаснењето, бидејќи очекуваме утре пожарот да се гасне со хеликоптери, изјави Гудев.

И директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е на непристапен терен и утре ќе се гасне со „Ер трактори“ или хеликоптери.

За огнената стихија се известени и пожарникарите од Петрич, Бугарија, кои заедно со нашите пожарникари ја следат состојбата.

Поврзани новости