224
Голем пожар избувнал во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа синоќа од ТППЕ Струмица.
Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на биодизел.
„ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира“, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.