Голем пожар беснее околу манастирот на Тоше Проески во Крушево

by Fokus

Голем шумски пожар беснее деновиве во близина на манстирот „Св. Преображение“ во Крушево. Екипите на противпожарната единица заедно со армијата и локалното население, веќе неколку дена се борат со пламените јазици, да не дојдат до самиот манастир.

Командирот на крушевската противпожарна единица, Шули Ангелески порача дека состојбата е критична и пожарот се шири кон селото Арилево.

„Состојбата не е сјајна. Критично е уште. Имаме поддршка од хелокиптерите, пешадија од војската и локалното население, од јавните претпријатија. Се прави заштитна патека, за пожарот да не стигне до манастирот. Другиот дел е локализиран, а пожарот се шири во два правци. Едниот крак е накај селото Арилево, а другиот накај ловечките домови“, изјави Ангелески за Фокус.

Манастирот „Св. Преображение“ е возобновен во 1986 година а македонската поп икона Тоше Проески лично помагаше на овој манастир за негова изградба и беше едно од неговите омилени места за мир.

Јорданчо Цветаноски

Фото – Томе Христоски, градоначалник на Крушево

Поврзани новости