Голем музички настан во чест на Тоше во Крушево

by Fokus

На 5-ти октомври во Крушево ќе се одржи голем музички настан пред плато на спомен куќата Тодор Проески, во чест на легендарниот Тоше.

Се работи за концерт на кој неговите безвременски хитови ќе ги пеат познати музичари од земјава и регионот, а настанот е посветен на одбележувањето на 15-годинишнина од последниот голем концерт на Тоше на Градскиот стадион во Скопје.

Потврдени се настапите на Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Каролина Гочева, Ѓоко Танески, Омар Џафероски, Бени Шаќири и други. Тие ќе бидат придружувани од бендот на Проески и од Камерен оркестар Битола, под водство на Владимир Димовски.

Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Вики Клинчарова

Поврзани новости