848
Голем концерт во чест на легендарниот Аки Рахимовски ќе се одржи на 26-ти март во Арена Загреб, во Хрватска.
Концертот е насловен ,,Ваљак и пријателите: Доволно е да речеме Аки” и веќе е потврдено учеството на познати музички имиња.
Покрај членовите на ,,Парни Ваљак”, ќе настапи и Кики, синот на Аки Рахимовски, Бајага, Џибони, Масимо Савиќ, Дино Јелусиќ, Нина Бадриќ… Тие ќе ги отпеат големите хитови на бендот.
За останатите концерти кои бендот требаше да ги одржи, и беа најавени пред да почине Рахимовски, на официјалната страница на ,,Парни Ваљак” информираат дека се откажани.
Македонско-хрватскиот пејач Аки почина на 66-годишна возраст во јануари годинава.
В.К.