Расте интересот за учество во новата игра за забава и добивки овојпат во вид на бонус игра за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер коишто своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб страната www.loto.mk.
На 23 октомври, Државна лотарија започна со бонус игра „Заврти Оnline тркало“ , а можноста за учество трае заклучно со 12 март. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50. 000, 100. 000 или 150. 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50.000 денари.
Државна лотарија со задоволство Ви ги претставува првите пет „online“ играчи од сите краишта на земјата кои беа извлечени по електронски пат и добија ексклузивна можност да бидат специјални гости во ТВ студиото на Лото 7 за да си ги „измерат“ силите со тркалото на среќата.
Ледот го скрши Зоран Тодосов од Штип кој си замина дома со 150.000 денари бонус на неговата трансакциска сметка само затоа што ги уплатил своите среќни броеви online, преку веб страната www.loto.mk.
Ѓорѓи Божиновски од Црешево е Лото играч кој во ТВ студиото сподели со јавноста колку е брза, едноставна и безбедна постапката за уплаќање на Лото 7 online за време на пандемијата. Покрај помалите добивки претходно, оствари добивка и од 150.000 денари бонус од тркалото на среќата.
Имавме можност да се запознаеме и со Борче Ценов од Кавадарци кој ни раскажа дека своите среќни броеви ги уплаќа online речиси 2 години, а Лото игра години наназад по стапките на неговиот татко. Борче од ТВ студиото на Канал 5 си замина побогат за 100.000 денари.
Во 92 коло, среќата се насмеа на Зоран Никоски од Кичево кој ја освои најголемата добивка од „online тркалото“- 150.000 денари. Среќниот добитник ги советуваше сите играчи на Лото 7 да ги уплаќаат своите Лото броеви online, да бидат упорни и да не губат верба во среќата затоа што не се знае кога ќе не изненади.
Филип Наневски од Куманово е петтиот извлечен учесник во бонус играта „Играј ONLINE и заврти за бонус“ кој освои 50.000 денари. Во духот на престојните новогодишни празници, остварената добивка Филип ќе ја донира во хуманитарна акција со цел да се донираат новогодишни пакетчиња за сите дечиња од ранлива категорија.
Ги покануваме сите коишто играаат и уплаќаат Лото 7 и Џокер, а досега не се регистрирани за учество преку страната www.loto.mk, да ја искористат оваа можност со којашто добиваат и комодитет на игра и уплата од дома или од кое било друго место, а секако и безбедност во време на корона-вирус и во време на други вируси и настинки.
Државна лотарија ги кани и сите коишто досега воопшто и не размислувале да учествуваат во игрите Лото 7 и Џокер, да ја отворат нивната веб-страна и да си ги отворат можностите за радост и изненадување, со само 20 денари за комбинација и само 5 минути оддвоено време.
Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.
ПР текст