Голем дел од вработените во Си-Ен-Ен ќе работат од дома

by fokus

Телевизијата Си-Ен-Ен одлучи вработените кои можат да работат од дома да не доаѓаат во деловните простории во Соединетите Американски Држави поради повторно зголемување на бројот на заразени од Ковид.

„Тоа го правиме од претпазливост. Ние ги штитиме и оние кои треба да дојдат на работа со тоа што максимално го намалуваме бројот на луѓе околу нив“, изјави директорот на Си-Ен-Ен, Џеф Закер.

Вработените кои мора да доаѓаат на работа ќе треба постојано да носат маска.

Си-Ен-Ен планира да направи измени и во телевизиските студија и режии, со цел и таму да се намали бројот на луѓе.

Телевизијата бара сите вработени кои доаѓаат во канцелариите да се вакцинираат против Ковид.

Поврзани новости