956
Во храмот Свети Сава во Белград утрово во девет часот почна литургијата на помирување на која служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со архиереите на двете цркви под нејзино покровителство.
Иако е работен ден, во Храмот во Врачар се собраа голем број верници.
Српската православна црква претходно најави дека со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на Соборот на Српската православна црква.
Српската православна црква ги повика верниците да учествуваат на овој единствен и радосен настан.