Голем број тенкови доаѓаат од Белорусија, Киев се подготвува за одбрана

by fokus

Ситуацијата останува тензична. Во моментов голем број тенкови се приближуваат кон главниот град на Украина од правец на Белорусија, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко за телевизијата Украина 24.

– Ситуацијата е тензична. Додека се подготвуваме, голем број тенкови доаѓаат од исток, од Белорусија. Нашите момци исто така се подготвуваат да не бранат. Нашите момци покажуваат неверојатни способности во одбивањето на нападите на Киев. Денеска, целта на Русите е нашиот главен град, рече Кличко.

Тој додаде дека извршил контрола на контролните пунктови кои сега се подготвуваат за соочување со непријателот.

Поврзани новости