Голем број од вработените во градинките се вакцинирани

by Fokus

Зависно од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките.

-Бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по средбата со директорките на скопските градинки во пресрет на почнувањето на новата училишна година, кога се очекува зголемен бројот на дечиња во градинките.

– Во јаслените групи до две години бројот на дечиња е 15, а на групите од две до шест години изнесува 20. Согласно епидемиолошката состојба, така и ќе ги креираме протоколите, односно ќе преземаме мерки за намалување или за евентуално опуштање на бројките. Заради годишните одмори само околу 8 300 дечиња се присутни во градинките, а протоколот дозволува сместување на 25 600 дечиња, рече Шахпаска.

Поврзани новости