Во Велика Британија денеска се регистрирани нови 1.288 случаи на корона вирус, што е за 250 повеќе од вчера. Истовремено, починаа 18 пациенти од последиците од вирусот, пренесе Ројтерс.
Само во Шкотска 123 биле позитивни на вирусот, што е прв пат по мај таму да има трицифрен број новозаразени, со што вкупниот број се искачи на 19.228 случаи, пренесе Гардијан.
Во Британија досега заразени се повеќе од 324.000 луѓе, а починаа повеќе од 41.000.
Германските власти пак, соопштија денеска дека во последниот ден заразени се 2.034 пациенти. Исто така, ова е прв пат од мај бројот инфицирани во еден ден да надмине 2.000.
Институтот „Рогерт Кох“ изрази загриженост за зголемувањето на бројот новозаразени.
„Се пријавуваат зарази од разни места, во старечки домови, болници, училишта, посебно меѓу патниците кои одат на семејни и верски собири“, се наведува во соопштението.
Во Германија од почетокот на епидемијата заразени се повеќе од 232.000 луѓе, од кои 9.200 починаа.