Голем број на договорите со ЈПДП имаат дел доверливост, вели Каевски

by Fokus

„Голем број на договорите со ЈПДП имаат дел доверливост и тоа е воспоставена пракса. Да се прави помпа од договорот со ‘Бехтел и Енка’ е со цел да се нанесе штета на овој проект од сериозни размери и важен за државата и само се отежнува процесот“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека договорот не се крие и дека институциите прават анализи и консултации со изведувачите кои делови од договорот може да бидат објавени за граѓаните да добијат одговори на одредени прашања.

„Верувам дека нема да се блокира и отежнува процесот во периодот што следи, бидејќи тој е од национална важност и верувам дека сите политички партии ќе се одважат и ќе допринесат за негова реализација“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ кажа дека лаги се тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека има предвидени пенали во договорот и додаде дека за сите важни процеси, опозицијата шири дезинформации.

Поврзани новости