Министерството за внатрешни работи на Грција денеска информираше дека 30-годишен скопјанец бил осуден на 20 месеци затвор затоа што под дејство на алкохол нападнал тројца полицајци на Родос, пренесе сајтот Прототема.
Македонецот пред судските органи во Грција изјавил дека поради големото количество алкохолот што го испил не бил свесен што направил.
„Инцидентот се случил на 17 овој месец на плоштадот Еврејски маченици во стариот дел на градот Родос. Откако се испијанил, македонскиот државјанин се соблекол гол и легнал на една од кафеанските маси. Кога пристигнале полицајците, го замолиле да се облече, но тој ги нападнал со предмети кои му биле при рака, поради што припадниците на грчкото МВР морале да го уапсат и да го однесат во најблиската станица“, изјавил Акис Димитријадис, портпарол на судот за прекршоци на Родос.