Ѓоковиќ заработи најмногу – никогаш немало толку „милионери“ во една сезона

by Fokus

Тениските асови Новак Ѓоковиќ и Ига Швјонтек минатата сезона заработија најмногу во сингл во машка и во женска конкуренција.

Светскиот рекет број еден собра 15.952.044 долари во сезоната во која освои три Грен слем титули и играше во финалето на Вимблдон.

Новак го освои и АТП финалето во Торино.

Што се однесува до Ига Швионтек, таа има заработено 9.857.686 долари со вкупно шест титули.

Првиот придружник на Ѓоковиќ на листата за заработка е второпласираниот на АТП листата, Шпанецот Карлос Алкараз.

Тенисерот од Мурсија заработи 10.753.431 долари, а зад него се Данил Медведев, Јаник Синер и Андреј Рубљев.

Кај тенисерките, втора највисока заработувачка има Арина Сабаленка со 9.195.703 долари, а по неа се Коко Гоф, Џесика Пегула и Јелена Рибакина, трите заработиле повеќе од пет милиони долари.

Статистичарите пресметале дека годинава дури 111 тенисери заработиле над 1 милион долари, никогаш досега немало толку „милионери“ во една сезона.

Поврзани новости