730
Во вечерашното интервју за РТС, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во однос на прашањето дали размислува да се вакцинира против Ковид, рече дека има отворен ум за во иднина.
-Имам отворен ум, не сум исклучив. Сè е можно во животот. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Моментално решив да не го правам тоа и морам да ги сносам последиците од тоа …,вели Ѓоковиќ.
Тој додава дека како што e подготвен да ја признае секоја грешка, така е подготвен да ги сноси последиците.
-Тоа е одлука што ја донесов свесно и совесно и самостојно и независно и заклучив дека така е подобро за мене, смета тенисерот.