Ѓоковиќ за разделбата со Федерер: Лично најмногу ме трогна моментот кога неговите деца излегоа на теренот

by fokus

Новак Ѓоковиќ го коментираше збогувањето со Роџер Федерер. Вчера Швајцарецот го одигра последниот натпревар во кариерата.

– Мислам дека сите ќе се согласат дека тоа беше еден од најубавите моменти што сме ги доживеале. Сите знаевме дека тоа ќе биде емотивно збогување со Роџер. И на крајот сите подлегнавме на овие емоции. Чувствата беа измешани. Тажно е што еден од најголемите спортисти во историјата заминува. Но, од друга страна, беше одлично да се види дека е среќен. Тоа беше еден од најубавите моменти што сум ги доживеал.

Мене лично најмногу ме трогна моментот кога неговите деца излегоа на теренот и ги видов како плачат. Тоа беше прекрасен момент. И беше прекрасно да се видат родителите на Роџер, Мирка, децата и сите кои одиграа толку важна улога во неговата кариера, изјави Ѓоковиќ.

На Лејвер купот Ѓоковиќ победи на два меча во еден ден и придонесе за победата на Европа против Светот со 8:4.

Поврзани новости