339
Новак Ѓоковиќ по седми пат ја освои титулата победник на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ што се игра во париската сала Берси. Тој во финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 6:3.
За 36-годишниот тенисер број еден ова е јубилејна 40. титула на турнири од серијата „Мастерс 1000“, а 97. освоен турнир во кариерата.
32-годишниот Димитров во кариерата има освоено осум турнири, а последниот го освои пред шест години кога славеше на АТП финалето.