109
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна на „Алијанц арената“ каде Србија вечерва против Данска го игра натпреварот од последното коло од групната фаза на Европското првенство.
Новак пристигна од Лондон, каде закрепнуваше од операцијата и се подготвува за Вимблдон, каде треба да настапи од следната недела. Тој најде време да „скокне“ во Минхен, каде српските играчи ќе се борат за премин во нокаут фазата во последниот натпревар од групата Ц.
Веднаш штом зачекори на теренот се слушнаа громогласни свирежи, но не се знае дали ова е реакцијата на Данците на појавата на српскиот тенисер. Со оглед на тоа дека и тие имаат врвен тенисер во ликот на Холгер Рун.