Ѓоковиќ утрово опериран во Париз, нема да игра на Вимблдон

by Fokus

Утрово во Приз беше опериран српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се повреди на мечот против Франциско Серундоло на Ролан Гарос, по што се повлече од грен-слемот во Париз. Тој го оперира коленото.

Според најавите, Ѓоковиќ ќе има пауза од три недели, со што најверојатно нема да учествува на Вимблдон.

Од неговото закрепнување ќе зависи дали ќе игра на Олимпијадата.

Шансата да се најде на претстојните Игри во Париз е и причината поради која Новак реши веднаш да реагира и на тој начин да ја задржи секоја шанса за освојување на златниот медал што му недостасува.

Олимписките игри почнуваат на 26 јули.

Поврзани новости