Ѓоковиќ – Циципас во полуфиналето на „Ролан Гарос“

by fokus

Новак Ѓоковиќ ќе игра во своето десетто полуфинале на „Ролан Гарос“. По 190 минути игра, светскиот рекет број еден го победи Пабло Карењо Буста од Шпанија со 4: 6, 6: 2, 6: 3, 6: 4.

На некој начин, Србинот му се одмазди на Шпанецот за единствениот „пораз“ годинава, а се работи за дисквалификацијата пред еден месец на УС Опен.

Не беше лесно ниту сега, Буста играше многу добро во Париз и добро го намачи Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер ќе игра за пласман во финалето во петок против Стефанос Циципас (Грција).

Поврзани новости