Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи по вчерашниот фудбалски меч помеѓу Хрватска и Аргентина и објави фотографија со хрватските фудбалери Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
-Честитки за овие момци и на целата екипа за сјајното првенство. Браво за Лео и Аргентина – напиша тој на Инстаграм.
Ова не е прв пат Ѓоковиќ јавно да ја искаже својата поддршка за хрватската репрезентација.
И пред четири години, за време на Светското првенство во Русија, тој не криеше дека навива за Хрватска. Поради тоа, дури беше и критикуван на социјалните мрежи во Србија.
Тогаш изјави дека спортот мора да се држи подалеку од политиката.
-Тие ни се први соседи, и Хравтска, и Србија, Македонија, Босна… некако ги гледам како свои. Знам дека воените рани за многумина се уште свежи, но спортот мора да се држи подалеку од политиката.
Од се срце навивав за Хрватска на Светското првенство, за Модриќ мислам се најдобро – изјави тој по претходното првенство, а вчера уште еднаш искажа својата поддршка кон хрватските фудбалери.
Вики Клинчарова