Ѓоковиќ со мака до третото коло во Индијан Велс

by fokus

Ноќта меѓу саботата и неделата српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на турнирот во Индијан Велс, откако го совлада 69. во светот, австралискиот тенисер со српско-црногорско потекло, Александар Вукиќ во три сета со 6-2, 5-7 6-3.

Во мечот кој траеше нешто повеќе од два часа, Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет во 34 минути, со два брејка во првиот и седмиот гем.

Српскиот тенисер се движеше доста лошо во поголемиот дел од мечот, што не е особено чудно со оглед на паузата која ја направи пред настапот на овој турнир.

Вукиќ пружи релативно силен отпор, а победата во мечот во првото коло веројатно ќе му овозможи малку да напредува на АТП листата.

Во следното коло ривал на Ѓоковиќ ќе му биде 20-годишниот Италијанец Лука Нарди, кој никогаш во кариерата не се пласирал меѓу 100-те најдобри во светот.

Поврзани новости