911
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ќе игра во финалето на „Интернационали БНЛ д’Италија“. За првиот светски рекет ова финале е 52-ро во неговата кариера на Мастерс турнирите.
Во оваа статистичка категорија Ѓоковиќ изби на првото место поминувајќи го Шпанецот Рафаел Надал кој остана на 51.финале.
Трет е Роџер Федерер со 50 финалиња.
Доколку Ѓоковиќ го добие финалето, тој исто така ќе стане единствен лидер по бројот на победи на Мастерсот – сега го дели првото место со Надал (по 35), Федерер е трет со 28.
Ривал на Ѓоковиќ во финалето ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман.