Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, денеска беше поразен во полуфиналето на Австралија Опен од Јаник Синер. Ова е прв негов пораз во Мелбурн по шест години. По мечот, рече дека е шокиран од својата игра.
„Искрено шокиран сум од нивото на мојата игра. Секако, во негативна смисла. Малку што направив како што треба, посебно во првите два сета. Ова е еден од најлошите мои мечеви на гренд-слем турнир во кариерата. Генерално, нивото на игра мое не беше добро во текот на целиот турнир. Се обидов и денеска во третиот сет да го подигнам нивото, но јасно е дека тоа беше далеку од мојата игра. Едноставно катастрофална игра која мораше да резултира со пораз.
Синер ме изненаден, меѓутоа не мислев дека ќе бидам толку лош во првите два сета. И понатаму имам надеж за останатите големи турнири. Сезоната само што започна, не сум навикнат на ова чувство, никогаш не сум изгубил полуфинале тука…Тоа што сега не бев на моето ниво, не значи дека е почетокот на мојот крај“, изјави Ѓоковиќ.