Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е снимен како се причестува со исто лажиче заедно со стотици други верници, за време на миса во Србија.
Настанот се случил во храмот Свети Сава, а фотографиите на Инстаграм ги објавил владиката Стефан Шариќ.На нив се гледа како патријахот Порфирије му дава причест на тенисерот од истото лажиче, како и на сите останати верници кои се присутни во црквата.
Инаку, тој неодамна беше депортиран од Австралија, од каде првин замина во Црна Гора, а по неколку дена ја посети Србија.
Поради ширење на корона вирусот од кој починаа десетици илјади луѓе во регионот и милиони во светот, здравствените власти постојано апелираат до јавноста да се почитуваат мерките за заштита, посебно кога се верските ритуали во прашање.
Вики Клинчарова