542
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако денес со 4:6 7:6 (7:0), 6:4, 6:2 го совлада Русинот Карен Хачанов.
Тоа беше нивниот 10-ти натпревар меѓу нив и деветта победа на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ по 12. пат во кариерата стигна до полуфиналето, а ривал ќе му биде победникот од мечот меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Гркот Стефанос Циципас.