Ѓоковиќ сака да им помогне на имигрантите од австралискиот притвор

by fokus

Во вечерашното интервју за РТС, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се осврна и на времето кое го помина во имиграциски притвор во хотелот „Парк“ во Австралија.

Вели дека условите биле тешки, но неговите седум дена поминати таму не се ништо во споредба со луѓето кои се затворени во имиграциониот центар и по девет години.

-Ќе дадам се од себе да најдам начин да им помогнам. Не е лесна ситуација, бидејќи јас сум професионален спортист и тенисер и не е ниту моја позиција ниту место да коментирам за политиката на која било земја, ниту да кажам дали нешто е во ред или не, но бидејќи пораснав овде во 1990-тите, каде што имаше многу бегалци и многу луѓе кои ги загубија своите домови, немаа храна на масата, ниту вода за пиење… И денес има многу такви луѓе, не само во Австралија, но во целиот свет, дури и кај нас, регионот. Значи, ова е општ проблем за сите нас, за жителите на оваа планета, и нешто такво навистина не треба да се случи – да дозволиме во 21 век да имаме толку многу луѓе кои немаат можности, немаат права и слободи, вели Ѓоковиќ.

 

Поврзани новости