Ѓоковиќ размислува за пензија: Татко ми ме поттикнува да ја завршам кариерата!

by Fokus

Новак Ѓоковиќ за првпат проговори по Австралија опен и призна дека размислува за пензија.

„Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа, отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам дека е доволно кога почесто губам, кога чувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за освојување на најголемата трофеи“, изјави Ѓоковиќ.

Освојувачот на 24 грен слемови, даде големо интервју за магазинот GQ, каде зборуваше за тоа како неговиот татко Срѓан го „убедил“ да стави крај на кариерата.

„Чувствувам дека луѓето веќе некое време го пишуваат мојот тениски „некролог“. Првиот кој го започна беше татко ми, иако не знам колку ќе му се допадне што го кажувам ова. Се обидуваше да ме убеди да се пензионира веќе некое време, но не инсистира. Тој ги разбира и ги почитува моите одлуки, но често ме прашува што друго сакам да постигнам. Свесен е за стресот и напнатоста кои влијаат на мојот ум и тело и затоа сите околу мене“ вели Ѓоковиќ.

На последниот Австралија опен поради повреда го загуби полуфиналниот меч од Александар Зверев.

Следниот турнир на кој треба да настапи е во Доха, но е неизвесно, бидејќи постои можност паузата да биде подолга, до почетокот на земјената сезона.

Поврзани новости