Ѓоковиќ против Кирјос во машкото финале на Вимблдон

by fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако вечерва во четири сета го совлада Британецот Камерон Нори со 2-6, 6-3, 6-2, 6-4.

Полуфиналето траеше два часа и 34 минути, а Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка.

Со триумфот над домашниот тенисер, Ѓоковиќ постави рекорд и го обезбеди своето 32 грен – слем финале во кариерата, едно повеќе од Роџер Федерер, а три повеќе од Рафаел Надал.

В недела Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата 21 грен – слем титула, седма во Вимблдон, на кој нема загубено натпревар од четвртфиналето во 2017 година.

Против себе ќе го има 27-годишниот Кирјос, кој прв пат во кариерата мина четвртфинале на грен – слем турнирите и во досегашните два меѓусебни дуели беше подобар од Ѓоковиќ.

Поврзани новости