Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои завршниот АТП турнир во Торино, каде во финалето со 2:0 во сетови го победи Италијанецот Јаник Синер.
Ѓоковиќ слави уште еден голем трофеј во кариерата, откако одигра доминантен меч против Синер од кого загуби во групната фаза од завршниот турнир во Торино.
Најдобриот тенисер во светот играше долги мечеви во групата, но полуфиналето и финалето ги доби со по два сета.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како светски рекет број еден по рекорден осми пат, а меѓу врвните постигнувања кои ги оствари оваа сезона се и израмнувањето на севкупниот рекорд од 24 гренд слем титули и освојувањето на 40 мастерс трофеи.
На српскиот тенисер му требаат уште две титули за да има 100, при што пред него се само Федерер со 103 и Џими Конорс со 109.