649
Португалскиот тренер Жозе Мурињо беше присутен на централниот терен во Рим на првиот меч од мастерсот на Новак Ѓоковиќ, а по мечот двајцата имаа средба.
Големото тренерско име се сретна со првиот светски рекет и покажа дека е негов голем фан.
Мурињо побара автограм од Ноле, а Србинот веднаш му се потпиша без размислување.
Првиот фаворит за титулата со тешка победа го отвори мастерсот во Рим, Италија.
Најдобриот светски рекет во првото коло со 2-0 во сетови славеше над Томас Мартин Ечевери од Аргентина, кого го доби со 7-6 и 6-2.