Новак Ѓоковиќ победи на судењето и ја доби жалбата против депортацијата од Австралија, и како што одлучи судијата во рок од 30 минути од пресудата ќе треба да му бидат вратени пасошот и личните работи, а ќе му биде и одобрена визатата.
Но, ниту тоа не му гарантира на српскиот тенисер дека ќе остане на австралиското тло.
Адвокатот на австралиските власти Кристофер Трен, изјави дека и покрај ваквата одлука на судијата, за Ѓоковиќ сè уште не е готово, бидејќи последниот збор го има министерот за имиграциско право, Алекс Хок.
Имено, според законот на Австралија, зборот на министерот за имиграција е над сè, дури и државата Викторија.
Бидејќи границата е федерална гледна точка, министерот за имиграција има апсолутна моќ и може да ја поништи секоја одлука, дури и донесена од одредена сојузна држава.
Во овој случај, доколку Хок му нареди на Ѓоковиќ да ја напушти земјата, српскиот тенисер ќе мора да го стори тоа, без разлика на позитивниот исход од судењето.