91
Благодарам на сите на пораки. Ова беше несреќа и јас сум добро, одморам во хотел со ладни облоги. Се гледаме в недела на терен, напиша српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откаков синоќа на мастерс турнирот во Рим ненамерно беше удрен со шише со вода додека делеше автограми по триумфот над Французинот Муте.
Повредата била минорна, а тој веднаш бил пуштен дома.
Следен противник за најдобриот светски тенисер е чилеанецот Ајехандро Табило.