639
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска. Претходно, Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека се заразил, информираа некои српски медиуми.
Ѓоковиќ не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината.
Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, на своја иницијатива, направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.
Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да поминат тестови. Сепак, некои играчи направија тест и ги чекаат резултатите.