617
Изгледот на овонеделната АТП листа е идентичен како и пред седум дена, што значи дека на чело е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.675 поени, а зад него е најдобриот српски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ со 7.595.
Имајќи предвид дека денеска во Лондон почнува третиот Грен слем сезонава, истиот редослед ќе се задржи и следниот понеделник, додека можна промена на чело може да се случи само по завршувањето на турнирот во Вимблдон и само доколку Ѓоковиќ победи и ја осма титула.
На овој турнир српскиот тенисер ја брани титулата освоена лани, а денеска ќе излезе на теренот каде ќе одигра меч против Аргентинецот Педро Качин (14.30 часот).