Најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ сензационално е елиминиран од Мастерсот во Индијан Велс. Србинот во третото коло беше поразен од 123-от светски тенисер Лука Нарди (20) со 4-6, 6-3 и 3-6.
Италијанецот до мечот против шампионот стигна како „лаки лузерс“ и ја забележа најзначајната победа во кариерата.
Нарди стана најслаборангираниот играч кој успеал да го совлада Ѓоковиќ на турнир од серијата 1.000 од 2008 година.
На лидерот на АТП листата на овој меч му недостигаше смиреност, прецизност во ударите, а невообичаено за него беше многу нервозен.
Тоа не го намалува феноменалното издание на италијанскиот тенисер кој оствари победа која ќе му донесе место меѓу 100-те најдобри тенисери во светот – првпат во кариерата.
Натпреварот траеше речиси два и пол часа.