Ѓоковиќ: Многу го почитувам Надал, иако сум еден од неговите главни ривали

by Fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сподели своето мислење за постигнувањата на Рафаел Надал.  

– Тој имаше операција во втората половина од минатата сезона и веднаш потоа освои Грен слем. Секако дека е импресивно. Со оваа победа Надал го собори рекордот. Потоа имаше победа на Ролан Гарос, каде историски има најмногу титули. Му симнувам капа поради се што постигна и продолжува да прави. Неверојатен шампион. Иако сум еден од неговите главни ривали, го почитувам она што тој го прави за да го зајакне своето наследство“, го цитира Ѓоковиќ новинарот Кристофер Клари.  

Надал годинава во финалето на Ролан Гарос го победи Норвежанецот Каспер Руд (6:3, 6:3, 6:0). Оваа победа за 36-годишниот Шпанец беше 14. во кариерата на Отвореното првенство на Франција и 22. на Грен слем турнирите.  

Новак Ѓоковиќ, исто како и Роџер Федерер имаат по 20 титули.

Поврзани новости